|
Општина Прилеп решена да ги наплати побарувањата |
|
Makedonija -
Ekonomija
|
|
ponedeljak, 29 decembar 2008 08:09 |
До сега се добиени само 7 милиони денари од концесинонерите.
Прилеп ќе ги искористи сите законски можности за да ги наплати планираните 18 милиони денари од концесискиот надомест за експлоатацијата на мермерот и граниот во регионот. Ќе се вработат уште двајца даночни инспектори, а ќе се искористи и Законот за извршување за градот да го добие концесискиот надомест што му следува.
- Од очекуваните 18 милиони, Прилеп годинава доби само седум милиони денари. Најмногу пари стигнаа од наголемата фирма ФХЛ Киријакидис Мермерски комбинат – пет милиони, иако тој во буџетската каса треба да уплати 13 милиони денари, вели Драги Звездакоски раководител на одделението за финансии и буџет.
Со 800 илјади денари концесиски данок учествува Думигал Марбле, а по околу 600 илјади денари уплатиле фирмите Крин и Ларин Компани.
- Очекуваме уште една рата деновиве од концесионерите, но сепак останува фактот дека Прилеп не ги доби сите пари од надоместот. Затоа нареднава година ќе преземеме се да го добиеме тоа што ни следува преку инспекцијата и извршителите, нагласува Звездакоски.
Според Законот за концесии, од данокот што и го плаќаат на државата фирмите кои истражуваат и експлоатираат минерални суровини, посебно мермер и гранит со кои изобилува прилепскиот регион, 40 насто се наменети за општината. Во моментот се регистрирани 33 фирми кои истражуваат и експлоатираат со домашен странски и мешовит капитал. Парите влегуваат во капиталните расходи од кои се финансираат инфраструктурните објекти.
(Сител)
|